Денес во општинската сала се организираше традиционалниот василичарски појадок, традиција што вработените во локалната самоуправа ја организираат неколку години наназад. Годинава најсреќни во барањето на паричките беа Кристина Алачов, Јасмина Момироска и Никола Прангоски.
Појадокот го подготвија минагодишните василичарски кумови Елена Терзиоска, Димитрија Вревезоски, Виолета Лупеска и Симе Стефаноски.