Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што на 14-ти јануари оваа година, во 17 часот се случи на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Враништа.
Е.Н.(46) од с.Подгорци-Струга, управувајќи ПМВ „Ауди А4“ со италијанска национална ознака удрил во пешакот С.З.(53) од с.Враништа-Струга. По незгодата Е.Н. ја однел повредената во МЦ-Струга каде била констатирана смрт.
Увид на лице место извршиле Јавен обвините и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.