Вчера во 12,00 часот во ПС-Кичево, 24 годишно женско лице од село во О.Пласница, пријавила дека во нивниот дом во последните два месеци, а последен пат на 16.01.2017 година околу 06,40 часот, од страна на нејзиниот 55 годишен татко и било извршена обљуба.
Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР-Кичево. Бидејќи лицето било со умерена ментална попреченост, известен бил Центар за Социјални Работи-Кичево и извршен е разговор со истата по што била однесена на гинеколошки преглед во ОБ-Кичево. Осомничениот е лишен од слобода и против истиот по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.