Се бара соодветен простор за седиште на охридската академија на хуманизмот

Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш и директорот на ОСУ „Св. Климент Охридски“ Звонко Трпески, денеска имаа средба на која се разговараше за изнаоѓање на соодветен простор во кој ќе биде седиштето на академијата.

Покрај за чинот на доделувањето на Светската награда на хуманизмот, просторот ќе биде и постојана поставка на дела и документи на досегашните и идните добитници на оваа високо признание, кое досега го имаат добиено единаесет светски познати интелектуалци.