Велестовци ја продолжуваат традицијата за Водици

Традиционално, на вториот ден од празникот Водици (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), новите кумови во Велестово ја продолжуваат празничната традиција. Тие носат чајници со топла ракија и ги служат сите присутни во црквата Св. Богородица-Велестово.

Новите кумови се Разме Толе Димоски, Кристијан Дулески, Ацо Божиноски, Злате Мишоски, Климе Ризманоски, Дане Климоски, Крсте Башоски и други кои годинава ја разубавија со топла ракија и оро на средселото во Велестово.

„Годинава како нови кумови организиравме и музика на средселото пред цркавта за да продолжи забавата од Божик со Спасен Силјаноски која долго ќе се памети, па еве и на Водици да се чуе музика.“- вели Разме Толе Димоски еден од новите кумови.

WebOhrid