СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”. На 31.07.2016 година во 01.40 часот, на паркинг, полициски службеници забележале паркирано ПМВ ,,БМВ” во кое на задното седиште бил затекнат пријавениот. Кај истиот била пронајдена една најлонска кеса со наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 5,13 грама.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М. (28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”. На 29.07.2016 година во 14.00 часот, во Охрид при преглед над пријавениот, полициски службеници пронашле една рачно изработена цигара – џоинт со опојна дрога марихуана со тежина од 0,51 грам, а од извршен претрес во објектот каде престојувал пријавениот пронајдена е опојна дрога марихуана со нето маса 4.49 грама, односно пронајдена е опојна дрога марихуана со вкупна тежина од 5 грама.