Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2017 година изнесува 32.877 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2017 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).
Најниската основица за пресметка на придонесите за 2017 година изнесува 16.439,00 денари (50% од 32.877)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2017 година за примањата од работен однос изнесува 394.524,00 денари (12 x 32.877).
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2017 година за самовработено лице изнесува 263.016,00 денари (8 x 32.877)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.
Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2017 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.