Во ноември 79,8 отсто од потрошената струја од домашно производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 695 934 МWh електрична енергија, 33.459 мил.нм3 природен гас, 464 200 тони јаглен и 97 561 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 79.8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94.6% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.