Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, со реакција излезе и директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, кој изјави:
„Портпаролот на СДСМ денес со прес конференцијата на која зборува за празни терени за тенис, на минусни температури во месец јануари, уште еднаш докажа дека оваа партија во отсуство на проекти и конректни решенија, во јавноста се одржува несекојдневна, помалку чудна прес конференција со чудна содржина.
Нејасно е зошто Мишел Наумоски се чуди на празните тениски терени, кога и самиот знае дека е месец јануари, и сигурно и тој знае дека температурите се под нула.
Што се однесува до изградбата на затворениот пливачки базен, нејасно е дали портпаролот Мишел Наумоски не го гледа тоа што сите граѓани го гледаат.
Градбата на покриениот базен тече според планираното, а тоа што тој го нарекува неколку железни цевки, е цела метална конструкција на темелната подлога која е во завршна фаза на градба.
Од како е на локалната самоуправа дојде ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески, на СРЦ Билјанини Извори се изгради терен на вештачка трева, три тениски терени, едно повеќенаменско игралиште и започна градбата на покриениот базен.
Сето ова е реалност и граѓаните го гледаат, за разлика од тоа што го гледаа кога партијата СДСМ го менаџираше спортскиот центар.
Во тој период вработените не примаа по 5 месеци плата и единствено нешто што се зголемуваше, беа долговите за даноци, плати и струја, како и оние цехови направени ширум охридските кафеани.“ – истакна директорот Ристе Мишев.