СВР: Во 2016 имавме стабилна безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид

Во текот на минатата 2016 година, безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид беше стабилна и поволна. Активностите на полициските службеници се преземаа согласно определените стратешки приоритети на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и беа насочени кон сузбивање на криминалот во сите појавни облици и форми, реализација на имотните деликти и пронаоѓање на сторителите на казнените дела кражби и тешки кражби, борба против недозволена трговија со дрога, задржување на поволна состојба во јавниот ред и мир и подигнување на безбедносната состојба во сообраќајот. СВР Охрид, работеше и по други законски основи се со цел излегување во пресрет на безбедносните потреби на граѓаните и нивни вистински сервис и партнер.

Во текот на 2016 година, во СВР-Охрид регистрирани се вкупно 1564(1858 во 2015) кривични дела (Охрид-749, Струга-406, Кичево-320, Дебар-89), извршени од страна на 902 (1052 во 2015) сторители (Охрид-414,Струга-218,Кичево-208,Дебар-61), против кои се поднесени 866 (911 во 2015) кривични пријави (Охрид-380,Струга-255,Кичево-183,Дебар-48).Според тоа, бројот на пријавени кривични дела бележи намалување за 16 % , бројот на регистрирани сторители бележи намалување за 14% а бројот на поднесени кривични пријави бележи намалување за 14 % во однос на 2016.

Во делот организирани видови криминал и корупција, во текот на 2016 година регистрирани се вкупно 25 (27 во 2015) кривични дела (Охрид-9,Струга-11, Кичево-4,Дебар-1) за што се поднесени 19 (05 во 2015) кривични пријави (Охрид-4, Струга-11,Kичево-3, Дебар-1) против 15 (05 во 2015) лица (Охрид-7, Струга-3, Кичево-4,Дебар-1). Според регистрираните кривични дела од оваа област бележиме намалување за 7% во однос на претходната година.

Во областа на економскиот криминалитет, во 2016 година, СВР Охрид поднесе 80 (118 во 2015) кривични пријави:(Охрид-34,Струга-31,Кичево-11, Дебар-4) против 96 лица (136 во 2015)-(Охрид-36, Струга-36, Кичево-18, Дебар-6).

Во изминатата 2016 година, СВР Охрид во континуитет ги следеше и состојбите во семејното насилство. Целта беше навремено откривање, документирање и реализација на пријавите поврзани со овој вид криминалитет. За сторени 90 (87 во 2015) кривични дела (Охрид-71, Струга-11, Кичево-05, Дебар-03), поднесени се 87 (86 во 2015) кривични пријави (Охрид-68, Струга-11, Кичево-05, Дебар-03) против 96 (87 во 2015) лица: (Охрид-74, Струга-13, Кичево-06, Дебар-03).

Во делот на малолетничката деликвенција, во текот на 2016 година според бројот на малолетници и извршените кривични дела од малолетници, состојбата е поповолна во однос на минатата година. Имено во 2016 година, регистрирани се за 60% помал број на малолетни лица или пријавени се вкупно 30 (76 во 2015) малолетни лица– сторители на кривични дела (Охрид-23,Струга-1,Кичево-4, Дебар-2) односно 3% (7 % во 2015) од вкупниот број на сторители. Од страна на малолетниците извршени се вкупно 36 (65 во 2015) кривични дела (Охрид-28, Струга-2, Кичево-4, Дебар-2).

Во сузбивањето на недозволената трговија со дрога, во текот на 2016 година поднесени се вкупно 89 (88 во 2015) кривични пријави (Охрид-37, Струга-20, Кичево-29, Дебар-3), против 99 (100 во 2015) сторители: (Охрид-45, Струга-20, Кичево-31, Дебар-3), за сторени 102 (97 во 2015) кривични дела: (Охрид-46, Струга-22, Кичево-31, Дебар-3) или за 5% поголем број споредено со 2016 годиа.

Во областа на јавниот ред и мир, во текот на 2016 година се одржуваше поволна безбедносна состојба, не се регистрирани нарушувања во поголем обем и со потешки последици. На ниво на СВР-Охрид, во 2016 година регистрирани се 768 (717 во 2015) прекршоци во јавниот ред и мир: (Охрид-383,Струга–154, Кичево– 162, Дебар–69) извршени од страна на 1012 (954 во 2015) сторители (Охрид–497,Струга–225,Кичево–181,Дебар–109). Против нив, поднесени се 718 (672 во 2015) барања за поведување прекршочна постапка (Охрид–355,Струга–151, Кичево–148,Дебар–64), од кои, 368 (374 во 2015) барања против 541 (564 во 2015) сторители за сторени 380 (385 во 2015) прекршоци се поднесени до Основните судови во Охрид ,Струга, Кичево и Дебар, а 350 (298 во 2015) барања против 471 (391 во 2015) сторители за сторени 388 (332 во 2015) прекршоци се поднесени до одделение за прекршоци. Во однос на минатата година, имаме зголемување на бројот на прекршоците за 7 % , зголемување на бројот на сторителите за 6 % и зголемување на бројот на барањата за поведување на прекршочна постапка за 7 %. Од вкупниот број на регистрираните прекршоци, 383 (324 во 2015) прекршоци или 50% се регистрирани на подрачјето на полициската станица Охрид, потоа следува полициската станица Кичево-162 (171 во 2015), ПС-Струга со 154 (164 во 2015) прекршоци и ПС-Дебар со 69 (58 во 2015) прекршоци. Овие дела, најчесто се манифестираат со карање и викање, фрлање или кршење на предмети, оддавање на пијанство, вознемирување, гласна музика, навредување или вршење присилба спрема друг, учество, предизвикување и поттикнување друг на тепачка, физички напад, омаловажување државен орган и други.

Во патниот сообраќај, во текот на 2016 година за откриени 4812 (6355 во 2015)прекршоци,(Охрид-1315,Струга-1245,Кичево-1921,Дебар-331) од областа на сообраќајот,поднесени се 4703 (6171 во 2015) барања за поведување на прекршочна постапка:(Охрид-1274,Струга-1189, Кичево-1912, Дебар-328) против 4746 (6282 во 2015) сторители(Охрид-1276,Струга-1227,Кичево-1914,Дебар-329).

Во текот на годината, од сообраќај исклучени се 1690 (1385 во 2015): (Охрид-232,Струга-354,Кичево-831,Дебар-273) возачи и 1543 (1170 во 2015)возила:(Охрид-229,Струга-444,Кичево-661,Дебар-209, времено се одземени 215 (249 во 2015) возачки дозволи: (Охрид-81,Струга-41,Кичево-36,Дебар-57). Во 3432(4128 во 2015) случаеви, употребен е алкотест:(Охрид-405,Струга-640,Кичево-1062, Дебар-1325) и земено крв и урина за анализа во 126 (115 во 2015) случаи: (Охрид-68,Струга-01,Кичево-53,Дебар-04). Контролирани се вкупно 117627 возачи и возила (108823 во 2015):(Охрид-19003,Струга-51400,Кичево-32548,Дебар- 14676). Безбедносната состојба во областа на сообраќајот, во текот на 2016 година ја карактеризира намалување на вкупно случените 751 (764 во 2015) сообраќајни незгоди (Охрид-303,Струга-166,Кичево-239,Дебар-43) за 2% а зголемување на сообраќајни незгоди со потешки последици 361 (326 во 2015) :(Охрид-157,Струга-97, Кичево-95, Дебар-12) за 11 % во кои загинале 24 (21 во 2015) лица:(Охрид-11,Струга-3,Кичево-9,Дебар-1),тешко телесно повредени биле 83 (83 во 2015): (Охрид-35,Струга-13, Кичево-31, Дебар-04) и лесно телесно повредени 452 лица (476 во 2015) (Охрид-174, Струга-124, Кичево-143, Дебар-11). Не исклучувајќи го факторот пат (состојба и услови, хоризонтална и вертикална патна сигнализација), субјективниот фактор-човек (возачи, пешаци, моторциклисти,велосипедисти),заземаат висок удел во случувањето на сообраќајни незгоди преку своето неодговорно и недисциплинирано однесување, управување на возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола.Причини за сообраќајни незгоди со потешки последици текот на 2016 година се: брзина 117(82), возење под дејство на алкохол 21(09), непочитување на сообраќајните прописи-правило на првенство 57(47), недржење страна и правец на движење.

Отсекот за превенција, во минатата година реализираше околу дваесеттина проекти со разни целни групи. Од канцеларијата за односи со јавноста, до медиумите испратени се вкупно 212 (208 во 2015) соопштенија, 73 (116) за поднесени кривични пријави, 78 (92) за случени настани, 61 соопштение по други основи, 65 прес конференции и 141 (134) изјави емитувани и објавувани на програмите на локалните, регионалните и националните радио,ТВ, печатени медиуми и веб портали со остварени 34 (29) гостувања во нивните информативни и другите програмски сегменти. Канцеларијата за односи со јавноста имаше значајна улога и во организација на медиумското покривање на повеќе безбедносни форуми, меѓународни полициски конференции и билатерални средби на високи претставници на МВР со нивни колеги од министерствата за внатрешни работи од други земји како и со нивни полициски асоцијации што се одржуваа во Охрид.Канцеларијата за односи со јавноста е иницијатор на низа проекти меѓу кои во 2016 година, во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, се реализира проектот „Јакнење на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и новинарите“ што е прва ваква регионална работилница со учество на новинари и полицајци од Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен, Битола и Прилеп.