Жителите од Велгошти веќе подолго веме се соочуваат со проблем, недостиг на гробни места. Со цел да се реши тој проблем, Месната Заедница од Велгошти и Црковниот одбор од Велгошти организираат состанок со жителите.
На состанокот кој ќе се одржи во недела во 18:00 часот, во просториите на играорната група КУД „Илинден“, организаторите ќе расправаат по само една единствена точка на дневен ред – Решавање на проблемот со гробни места.
„Се повикуваат сите жители од Велгошти масовно да присуствуваат на состанокот, со цел конечно да се изнајде решение“ – велат од МЗ и Црковниот одбор од Велгошти.
WebOhrid