Се издава во закуп деловен простор – сопственост на Црвен крст Охрид.
Деловниот простор се наоѓа на ул. Гоце Делчев бр. 32 во Охрид и има површина од 22 м².
За издавање на деловниот простор под закуп ќе се спроведе постапка со прибирање на затворени понуди.
Почетниот износ на закупнината за еден месец во постапката за издавање на деловниот простор под закуп изнесува 200 евра во денарска противвредност.
На огласот можат да се пријават сите заинтересирани домашни правни лица кои ќе достават тековна состојба од Централен регистар на РМ, во оригинал, која не треба да биде постара од 30 дена, како и физички лица кои ќе достават доказ дека се Државјани на РМ.
Услови и критериуми за избор на најповолен понудувач се:
- Висината на понудената месечна закупнина за деловниот простор, а која не може да биде помала од 200 евра во денарска противвредност;
- Видот на дејноста која ќе се обавува во деловниот простор, а која не треба да биде во спротивност со дејноста, принципите и мисијата на Црвениот крст;
- Начинот, рокот и условите на плаќање на закупнината;
- Подготвеност за општествена одговорност за поддршка на хуманитарните активности на Црвен крст Охрид.
Деловниот простор се издава за рок до 2 години, со можност за продолжување.
Заинтересираните кандидати може да ги доставуваат своите понуди во писмена форма, во затворени коверти со назнака „За оглас за закуп на деловен простор“ до архивата на Црвен крст Охрид секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Огласот ќе биде објавен од 27 до 29 јануари 2017.
Понудите може да се доставуваат најдоцна до 30.01.2017 година до 15:00 часот.
Понудите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.
Доставените понуди ќе ги отвара посебна комисија при Црвен крст Охрид најдоцна до 31.01.2017 година.
Извршниот одбор на Црвен крст Охрид го задржува правото да не изврши избор на понудувач доколку оцени дека доставените понуди не се соодветни.