Вчера во 11:40 часот, лицето Г.М.(58) од Струга за исчезната ја пријави нејзината ќерка Р.М. (33) која живее во Скопје.
Според пријавителката, Р.М. имала нарушено здравје и во психичка криза можела да се самоповреди. Полициската станица во Струга работи по добиената пријава и презема натамошни неопходни мерки.