Охридското Езеро од ден на ден е се повеќе и повеќе празно. Искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено.
Топењето на снегот од околните планини, евентуални нови врнежи од снег или дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Езерото.
Во секој случај, оваа година сигурно нема да се повтори сликата од годините кога Езерото беше преполно. А, дали се претера со празнењето, останува времето да покаже!
WebOhrid