Кирил Лазаров најдобар стрелец на Светското првенство 2017

Кирил Лазаров и официјално е прогласен за најдобар стрелец на Светското ракометно првенство 2017 кое се играше во Франција.

Капитенот на македонската репрезентација на само шест натпревари постигна 50 голови, со што стана недостижен на листата на стрелци, дури и за оние ракометари кои одиграа повеќе натпревари од Македонија.

Ова е втор пат нашиот најдобар ракометар да го освои ова признание, по Светското првенство 2009 во Хрватска, каде Лазаров го постави рекордот на сите времиња, постигнувајќи 92 голови на 9 натпревари.

WebOhrid