„Консолидација и зајакнување на капацитетите на академскиот кадар на Универзитетот „Мајка Тереза“

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, учествуваше на семинарот- Консолидација и зајакнување на капацитетите на академскиот кадар на Универзитетот „Мајка Тереза“.

„Имам особена чест и задоволство што присуствувам на семинарот за „Консолидација и зајакнување на капацитетите на академскиот кадар на Универзитетот „Мајка Тереза“.

На овој семинар ќе се дебатира за современите наставни методи за поддршка на академскиот кадар и развојот на студиските програми на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Универзитетот „Мајка Тереза” е посветена на промовирање на најдобрите практики во наставата со цел постигнување на ефикасна работа и на успешни резултати.

Целта на семинарот е подготвување на наставниот кадар за стекнување и подобрување на современите наставни методи. Големо внимание ќе се посвети и на развојот и на прилагодувањето на студиските програми на овој универзитет.

„Дозволете ми во името на Министерството за образование и наука на академскиот кадар да им посакам успешна работа во текот на дводневниот семинар“, рече министерот Лутфиу.