Претседателот Иванов на средба со претседателот на Уставниот суд на Македонија, Никола Ивановски

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски.

На средбата, македонскиот претседател истакна дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија.

Претседателот Иванов подвлече дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.