Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч – диви птици.
Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца – птичји грип.
Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување.
Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.