Се реконструира фудбалското игралиште во Волино

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски изврши увид во с. Волино, каде што се одвиваат градежни активности околу санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачи, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.

Фудбалското игралиште во Волино ќе биде ставено на располагање на сите жители за спортување, рекреирање и за натпреварување, воедно игралиштето ќе биде место за собирање и дружење на младите и постари генерации.

„Искрено се надевам дека токму од ова фудбалско игралиште ќе произлезат новите фудбалски ѕвезди, кој ќе претставуваат не само гордост на општината, туку и на цела Македонија” потенцираше Градоначалникот Трајкоски при посетата.

За реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште, обезбедени се средстава од буџетот на Општина Дебрца со износ од 1.484.286,0 денари со пресметан ДДВ.