Со низа активности ќе се одбележи патронатот на ОУ „Григор Прличев“

Основното училиште „Григор Прличев “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето(6-ти февруари).

По тој повод,  утре 3ти февруари (петок) со почеток во 18:30 часот, во Подрачното училиште „Григор Прличев“, населба Рача ќе се одржи свечена приредба.

Во понеделник, на 6ти февруари, во 10:30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на бистата на Григор Прличев, а во 11 часот ќе започне Прличевата визита, која ќе се одржи во просториите на основното училиште.

Во изложбениот салон на Центарот за култура, во 18:30 часот, ќе се обрати директорката на училиштето, Силвија Мојсовска, а по тоа ќе следи потпишување на меморандум за соработка со „Гете- Институт“.  

Годинешните случувања посветени на лавроносецот, завршуваат попладнето, во изложбениот салон НУЦК „Григор Прличев“, со ликовната изложба на цртежи од учениците од истоименото основно училиште и доделување на наградените творби, како и со свечената приредба која ќе се одржи во Центарот за култура по повод патрониот празник, со почеток во 19 часот.

WebOhrid