Кривична пријава за жител од с.Добовјани поради „загрозување на сигурноста

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (27) од Дорманген, Германија со постојано место на живеење во с.Добовјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 21.01.2017 година во ПС Струга, полициски службеник пријавил загрозување на сигурноста извршено од страна на пријавениот. Имено, на 18.01.2017 година, при преглед над пријавениот, од страна на полицискиот службеник било пронајдено пакување со непозната растителна материја кое било одземено за понатамошна постапка. По ова, пријавениот, изреволтиран од настанот, на 20.01.2017 година на мобилниот телефон во повеќе наврати на пријавителот му упатувал сериозни закани по животот и телото, како и по животот на неговото семејство.