„Детектор за лаги“ во сабота повторно на репертоарот во Центарот за култура

Хит претставата „Детектор за лаги“, во сабота (11ти февруари) повторно на репертоар во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Билетите се во продажба на билетарницата на Центарот по цена од 200 денари.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст е над 15 години.