Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против 4 лицa: Ф.Н.(53), Ф.Н. (32), Е.Н.(29) и С.Н.(25), сите од Струга.
Пријавените, казненото дело го извршиле на шести овој месец околу 22 часот на улицата „Црн Дрим” во домот на А.Е. од Струга. Откако неговата сопруга ја отворила вратата, го забележала Ф.Н. кој физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканица и со тупаници по целото тело. Потоа, зедно со останатите пријавени, влегле во домот на А.Е. каде ги забележале лицата З.А. и Е.А. и физички ги нападнале, предизвикувајќи страв кај нивните малолетни деца кои веднаш избегале надвор од собата. За кратко време, тепачката продолжила надвор од куќата каде, пријавениот Ф.Н. употребил метална шипка со која го нападнал Е.А. удирајќи го во пределот на главата.
Со брза интервенција на полициските службеници, спречен е натамошниот тек на тепачката, а седум повредени лица се префрлени во Општата болница во Струга. Според пријавените, причина за стореното казнено дело „насилство“ е нарушени меѓусебни односи со оштетените.