Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија вчера се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата, присуствуваа ученици од ООУ “Наум Наумоваки-Борче”, од општина Гази Баба, ученици од ООУ ” Рајко Жинзифов” од населбата Драчево како и деца од Извидничкиот Поречански Одред “Јадран” од Скопје.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.