Денес, на празникот посветен на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија.
Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.