Зголемени активности на ЈП „Охридски комуналец”

Изминатите денови екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани поради зголемените температури и припремање за туристичката сезона.

„Екипите на „Паркови и зеленило” работеа на косење и чистење на улиците и населбите. Беше исчистена ул. „Андреја Јованоски” од „Стобекс” према „Велгошти”, населбата „Гоце Делчев” (кај бараките) и дел од ул. „Марко Цепенков” и „Момчило Јорданоски” а на патеката кај „Кадмо” плажа беа засадени нови садници од видот „Сабина” и „Џунџуле”.“– велат од претпријатието.

Ангажирани беа и екипите на РЕ „Механизација” со чистење на коритото на реката кај населбата „Рача” на местото каде што се влева во езерото.