Како што Локалната самоуправа најави изминатата недела за преземање активности за расчистување на шутот и трњата кај реката Грашница, завршија денес. Деновиве се очекува да започне наредната фаза со која ќе се оплемени и уреди целокупниот простор, по што овој дел ќе добие еден сосема нов лик.
Низ овај предел предвидено е да поминува пешачката патека која се протега од Канео преку Лабино па се до Воска и Даљан.
Со уредувањето на овој простор, охриѓани и туристите ќе добијат уште едно место каде ќе можат да се рекреираат, релаксираат и да уживаат во убавата глетка на Охридското езеро.