Доделени дипломи за ученици и ментори во рамките на проектот „Лидер на струка”

Денес  министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу заедно со директорот на Центарот за стручно образование и обука, Ајше Селмани, им доделија дипломи на менторите и учениците кои што постигнале најдобри резултати на натпреварите за избор на најдобар ученик во струката, во рамките на проектот „Лидер на струка“ .

Проектот „Лидер”, веќе трета година по ред доделува дипломи на менторите и учениците кои постигнале успех во областа на стручните предмети и практичната настава.

Изборот на најдобар ученик во струката е направен според постигтнатиот успех по реализираните активности од проектот „Лидер на струка“, преку кои се покажуваат, докажуваат, вреднуваат и рангираат знаењата, умеењата, вештините, способностите и вредностите (компетенциите) на учениците по стручните предмети (од прва, втора и трета година) и практичната настава во рамките на струката/одделен образовен профил од техничкото образование и стручното образование за занимање, согласно Правилникот за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

МОН заедно со Центарот за стручно образование и обука, продолжуваат со активности за промоција и подигање на свеста за важноста и потребата од стучното образование и обука.