Голем успех на основци од „Христо Узунов“ на општинскиот натпревар по англиски јазик

Продолжуваат успесите на учениците од „Христо Узунов“. Денес во Струга се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик за петто и деветто одделение, на кое ОУ„Христо Узунов“ учествуваше со четири ученици.

Учениците од петто одделение Борче Исакоски и Антониј Трпески, го делеа првото место.

Ученичката од деветто одделение Надица Наумоска го освои третото место, а  ученикот Стефан Алексоски освои петто место на натпреварот.

IMG_20160386_0429_cr

WebOhrid