Повредена 82 годишна жена во сообраќајна незгода

Вчера во 11.05 часот во Охрид на ул. „Билјанини извори“ се случила сообраќајна незгода во која В.К. (73) од Охрид, управувајќи ПМВ „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешакот В.П. (82) од Охрид.

Во незгодата, В.П. се здобила со тешка телесна повреда и била пренесена и задржана на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.