Акцијата за расчистување на локални патишта вчера и денес продолжи во населбата Гоце Делчев (бараки).
Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” ги расчистуваа гранките и трњето покрај улиците, кои ја попречуваа прегледноста за возилата и безбедноста за пешаците и се уредуваше паркот на влезот од населбата.
Ангажирани беа 8 работници, а беа собрани и транспортирани околу 17 кубици зелен отпад.