Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

На 04.10.2016 година околу 21.50 часот од страна на полициски службеници на ул. „М.Нестороски” затекнато е такси возило „Мерцедес” со охридски регистарски ознаки во кое сопатник бил пријавениот. Притоа, кај истиот била пронајдена 42,01 грама марихуана и 0,32 грама марихуана помешана со тутун.