Пуштено во употреба портабилно автоматизирано училишно ѕвонче во ОУ „Живко Чинго“

Во изминатиот период, поранешниот ученик во ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти, Владимир Шокаровски, моментално демонстратор и лаборант при Институтот за електротехнички мерења и електротехнички материјали на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, во знак на благодарност, работеше на проектот за автоматизација на училишното ѕвонче во ова училиште. Деновиве беше завршен тој проект, успешното инсталирање и пуштање во употреба на портабилното автоматизирано училишно ѕвонче во ОУ „Живко Чинго“ во с. Велгошти.

„Ми претставуваше огромна чест и задоволство, како поранешен основец во ова училиште, што работев на овој проект во изминатиот период. Изразувам голема благодарност до директорот на училиштето, г-дин Ѓоко Чингоски и целиот персонал во училиштето за прекрасната соработка и разбирање, и се надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина во интерес на развојот на училиштето и локалниот напредок на нашето место, с. Велгошти. “ – вели Шокаровски.