Активности на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” направија акција за расчистување на коритото на река Сушица, на потегот од ул. „Живко Чинго” (кај отпадот), до амбулантата на ул. „Радојца Новичиќ”.

Беа ангажирани 4ца работници и беа собрани околу 80 вреќи на комунален отпад, пластични шишиња, градежен отпад и друг вид на отпад, депонирани од околните куќи. Друг дел од екипите работеа на расчистување на ул. „15ти Корпус” од остатоците од песок и земја. Со акциите се продолжува и во наредните денови, се додека не се завршат работите комплетно.