Измама при купопродажба на автомобил

НК КР Струга поднесе кривична пријава против А.П. (49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во почетокот на декември С.И. од Струга нудел на продажба возило кое било во сопственост на С.С. од с.Шум. при што му се јавил пријавениот под друго име како купувач на возилото. Со оштетниот се договориле да го купи возилото за 3500 евра, а како гаранција да му даде капар од 500 евра, додека останантите 3000 евра да му ги даде кога ќе потпишат договор за префрлување на сопственост на возилото.