На 15.02.2017 година во 10.15 часот во ПС Охрид, телефонски се јавил Д.Ѓ. (48) од с.Лескоец, охридско, свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во с.Опеница, охридско, и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците на манастирот.
Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување. Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.