СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т. (28) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”.
На 30.07.2016 година околу 23.50 часот, на паркинг во близина на еден хотел, од страна на полициски службеници извршен е преглед на ПМВ „Фолксваген Пасат“, сопственост на неговиот татко, а управувано од негова страна. Притоа, покрај менувачот, била пронајдена и одземена една рачно изработена цигара со непозната растителна материја во кутија цигари. Пријавениот од непознато лице набавил опојна дрога марихуана од која им овозможил употреба на четворица негови другари.