Пронајдена дрога кај стружанец

НК КР Струга поднесе кривична пријава против М.К. (39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 13.10.2016 година во с. Луково од страна на полициски службеници извршен е претес во дом и други простории кај пријавениот. Притоа, пронајдени и одземени се 13 пластични кутии, пет стаклени тегли и три најлонски пакувања со 78,83 грама марихуана и една најлонско пакување со семки со вкупна нето маса од 32,3 грама, кои потекнуваат од растението „Канабис“.