„Млади во акција“, во рамките на своите програмски активности на проектот „The afterlife of plastic dragons“, подигнување на еколошката свест кај сите нас, во и надвор од Македонија кој се реализира во периодот помеѓу 12 и 20 февруари 2017 година, во Центарот за обука на млади кадри Солферино во Струга, на 19.02.2017 година организира јавен настан за промоција на активностите и успешни резултати од досега сработеното за време имплементација на истиот.
Ова е проект од меѓународен карактер во кој активно учество и особен придонес во промоција, изработка, планирање и подготовка дадоа вкупно 34 млади на возраст од 18 до 25 години кои доаѓаат од Естонија, Хрватска, Бугарија, Романија и Македонија.