СВР-Скопје до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Б.Б. (38) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа едно – “разбојништво во обид“ предвидено и казниво по член 237 в.в 19 од КЗ на РМ и едно кривично дело – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка изречена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
Кривичното дело “разбојништвото во обид“ пријавениот го извршил на 05. минатиот месец околу 01,15 часот, во куќа на улица “Ацо Шопов“ на подрачје на Карпош, на тој начин што незабележан од никого влегол во дворот, ја отворил влезната врата од куќата која не била заклучена и истиот влегол во ходникот. Во еден момент бил забележан од страна на оштетената која со висок тон го повикала нејзиниот сопруг кој го пресретнал пријавениот во ходникот и почнал да се бори со него со цел да го совлада, при што додека се борел Б.Б. извадил пиштол кој оштетениот успеал да му го турне од рака, го истуркал надвор каде што го задржал се до доаѓање на полициските службеници од единицата Алфа при што пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Карпош.
Во службените простории на ПС Карпош извршен е разговор со пријавениот во кој истиот го негирал извршувањето на кривичното дело.
Од страна на екипа од ЕУМНА при СВР Скопје извршен е увид, при што предметниот пиштол е земен за понатамошна постапка, со цел да се утврди дали истиот е употребен во извршување на други кривични дела.