ВМРО-ДПМНЕ: Отчетноста е нешто по што се разликува самата партија од сите останати

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција во однос на денешната прес-конференција на ОО СДСМ Охрид. Во неа стои:

„СДСМ Охрид денес по кој знае кој пат покажа дека нема ни една идеја, ни еден проект и ни едно конкретно решение со кое би се појавиле да се презентираат пред граѓаните, па раководство на партијата го користи новиот портпарол за да се пласираат во јавноста веќе здодевни повторувања на трагикомични изјави и соопштенија кои веројатно предизвикуваат потсмев и кај самите членови на СДСМ.

По прес конференциите дека никој неиграл тенис на игралиштата кои ги изградивме ( на среде зима на минус 15 степени ) полека но сигурно во јавноста се наметнува прашањето дали портпаролот и целата ОО СДСМ Охрид имаат проблем со визуелната перцепција на нештата, па само тие во Охрид не гледаат дека покриениот базен се гради со силен интензитет и во моментов се издига конструкцијата за трибината и дека автобуската станица се гради секој ден и во моментов се издига конструкцијата за вториот кат на објектот ?

Тука мора да напоменеме дека изјавата на портпаролот дека и на пазарот ќе му се случи истото како и на автобуската и базенот е целосно точна! Токму така и пазарот ќе се гради интензивно како што се градат овие два објекти и ќе биде изграден за доброто на Охрид.

Напоменуваме дека ВМРО ДПМНЕ го одликува реализирањето на ветените проекти без разлика на нивното локално или национално значење, а отчетноста е нешто по што се разликува самата партија од сите останати. Тоа е веќе претпознатливо меѓу народот и се докажува во многу изборни циклуси наназад.“– се вели во реакцијата.