На 20-21 февруари 2017 година, во хотел Манастир-Берово, ќе започне обуката за “Професионална рехабилитација на лица со инвалидитет-од теорија до пракса“.
Обуката е дел од активностите на проектот “Унапредување на услугите за социјална инклузија“ финансиран од Eвропска унија, од ИПА инструментот за претпристапна помош, во склоп на Оперативната програма за развој на човечки ресурси.
Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите, вештините, компетенции и знаење на професионалците кои се одговорни за поддршка на професионалната рехабилитација и социјална инклузија на лицата со попреченост.
Проектот ќе опфати развој и воведување на професионална рехабилитација и услуги за лична асистенција, вклучувајќи и квалитетни стандарди за испорака, контрола и надзор на овие услуги.
Програмата за обука е креирана за да го надгради знаењето, вештините и мотивацијата на квалификуваниот персонал при обезбедување на сервиси за професионална рехабилитација, на лицата со попреченост и да им помогне на оние лица кои веќе се на работа да ја задржат својата работна позиција, додека на оние кои се без работа да се стекнат со вработување.
Програмата за обука е поделена во 6 области, во склоп на неколку модули, и ќе биде спроведена во периодот февруари–март 2017 година, во 8 циклуси на обука и ќе бидат опфатени 200 учесници.