Градоначалникот Бакрачески се сретна со директорот за развој на меѓународни проекти на Школата од фудбалскиот клуб„Барселона“

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес, оствари средба со директорот за развој на меѓународни проекти на школата од фудбалскиот клуб „Барселона“ , Инаки Гонзалво кој беше во придружба на министерот за странски инвестиции, Горан Мицковски. На средбата беше разговарано за можностите што ги нуди Охрид за инвестирање во спортот. Од страна на градоначалникот беше презентирана постоечката спортска инфраструктура како и за идните планови за инвестиции во спортот. Директорот за развој на меѓународни проекти на школата од фудбалскиот клуб „Барселона“ ја искажа заинтересираноста на клубот да ги испита можностите за инвестирање во Охрид, односно за отворање на фудбалска школа, организирање на летен камп и академија.

По завршување на средбата, директорот заедно со претставници на Локалната самоуправа и директорот на ЈП „Билјанини извори“ беа во обиколка на спортските терени во Охрид.

Фудбалскиот клуб „Барселона“ веќе седум години развива вакви проекти на повеќе локации во светот од каде што ги пронаоѓаат потенцијалните играчи за клубот.