„Импровокација“ во сабота пред охридската публика

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар во сабота, 25ти февруари ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 20:00 часот. Ова е втора „епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура.

Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а истите на денот на претставата (сабота) ќе чинат 200 денари. Бројот на влезници е ограничен.