Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на жителите Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Се работи за набавка на специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни.
„Со набавката на специјализираното возило за собирање на комунален отпад, ЈКП „Дебрца“ ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на населението на Дебрца во смисла на навремена достапност до нив, достапност до сите места каде што претходно имаше потешкотии да се пристапи. Со оваа инвестиција ќе имаме навремено подигање на отпадот и секако подобрување на возниот парк што од една страна ќе овозможи замена на старото и дотраено возило за комунален отпад, кое во изминатиот период создаваше сериозни проблеми во функционирањето на претпријатието во однос на обавување на основната дејност.“ – вели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
За подобрување на комуналните услуги кон населението, Општина Дебрца доби под-заем, во износ од 4.010.820,00 денари со пресметан ДДВ, преку Проектот за подобрување на општинските услуги во Република Македонија за набавка на камион за комунален отпад. Проектот е подржан од Светска Банка, а реализацијата е преку Министерството за финансии на Република Македонија.