По повод почетокот на престојните велигденски пости Дебарско-кичевската епархија ги известува своите верници дека на 26ти февруари (недела)- Прочка, во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско – Охрид, со почеток во 16:00 часот ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие), исто така од понеделник до четврток ќе биде едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
– Утрена со часови и вечерна во: 7:00
– Големо повечерие со канонот на Св.Андреј Критски 16:00
– 01.03.2017 – Среда архиерејска преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреовештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.