СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од с. Лева Река, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „пустошење шума“. Пријавениот во атар на с.Лева Река, ресенско, неовластено и противправно извршил бесправна сеча на 2,5 метри просторни дабово дрво кои што беа пронајдени позади неговата куќа во с.Косел и 0,4 метри просторни дабово дрво пронајдени десно пред неговата куќа за време на претрес.