СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (36) и Ф.А. (24), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”, соопшти МВР.
На 10.02.2017 година околу 06.50 часот во казино во Охрид, откако пријавените го забележале С.С. (54) од Охрид дека ги искоцкал парите и отишол на банкомат да извади други, и при влез во казиното физички го нападнале одземајќи му 10.000 денари нанесувајќи му тешки телесни повреди.