СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ж. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
На 04.06.2016 година во 19.50 часот од страна на полициски службеници било забележано како пријавениот од предниот дел од неговата маица фрлил сина полиетиленска кеса со опојна дрога марихуана со нето маса од 28,3 грама, по што се дал во бегство. Откако пријавениот бил сопрен од полициските службеници во истиот момент од задниот десен џеб фрлил една кутија од цигари во која имало една рачно изработена цигара со 0,45 грама мешавина од марихуана и тутун.