ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец на 25-ти февруари 2017 беше домаќин на 4-иот Oпштински натпревар по математика за основно образование.
На општинскиот натпревар по математика учествуваа 128 ученици од сите основни училишта во Охрид од IV – IX одделение. Натпреварот во Охрид беше организиран на Македонски и Турски наставен јазик. На истиот со свои ученици учествуваше и ОУ „Братство Единство“, при тоа со своите резултати се истакнаа следните ученици:
5 одд
Александар Ристески I награда ментор Елена Стојаноска
Климент Велкоски I награда, Емилија Стојаноска II награда ментор Весна Плевнароска
6 одд
Константин Лушески I награда, Стојан Велкоски II награда, Марија Наумоска III награда ментор Борис Лушески
7 одд
Руја Махмуд III награда ментор Сезен Таибова
Сара Голабоска III награда ментор Ирина Ѓерасимоска
Гамзе Зекир Пофалница ментор Сезен Таибова
8 одд
Хилал Лјатифи Пофалница ментор Сезен Таибова
9 одд
Самед Шаин и Арзу Максути III награда ментор Сезен Таибова
Мерван Јакупи, Озан Ариф и Корај Салих Пофалница ментор Сезен Таибова
Учениците ќе учествуваат на Регионалниот натпревар што ќе се одржи на 1 април, каде ќе имаат можност повторно да го покажат своето знаење.
На сите учесници кои покажаа солидни резултати ќе им бидат доделени и дипломи за освоено место или пофалници и им беше посакан поголем успех на престојниот регионален натпревар.